(ВИДЕО) Граѓани: Како хиени се навртеа на Јанева за да го одбранат криминалот

Од:

Наместо да се дискутира за извештајот, пратениците дискутираат за се и сешто, уште малку ќе ја прашаат и каде ја прави фризурата, рекоа за А1он граѓаните пред почетокот на протестот.

Граѓаните, кои денеска се собраа во голем број за поддршка на Специјалното јавно обвинителство велат дека однесувањето на пратениците кон Катица Јанева е под секое ниво.

– Очигледно дека пратениците наместо да ја чуваат правдата и уставотворното тело на Македонија, тие како хиени се навртеа на Катица Јанева. Очигледно го бранат криминалот и злосторствата што се прават во Македонија, а не правдата и слободоумието. Заота сум тука, да ја поддржам Јанева, рече граѓанин.

Тие додаваат дека се желни за правда и слобода, со цел Македонија да тргне по вистински пат, а единствено, како што велат, тоа може да го донесе Специјалното јавно обвинителство.

– Ваков однос до сега не е виден, ваква хајка против една институција која е единствена во Македонија досега што прави нешто позитивно, мислам дека не е видено, рече граѓанин.

Тие велат дека СЈО е единствената институција која во моментов прави добро за државата.

– Навистина таа си ја работи работата многу совесно и многу е културна, воспитана и не обрнува внимание на нивното однесување. Нека продолжи така, ние сме со неа и ќе ја поддржуваме до крај, рече граѓанка.

Денешниот протест за поддршка на Специјалното јавно обвинителство е само потсетување дека граѓаните се уште масовно ја поддржуваат институцијата. Тие велат дека мора да прекинат опструкциите врз ова обвинителство, како и дека пратениците треба да го продолжат мандатот на СЈО.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ