ВИДЕО: Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ со поддршка за Шилегов

Од:

Градоначалникот на Љубљана, главниот град на Словенија, Зоран Јанковиќ, со видеопорака во пресрет на локалните избори во недела, го поддржа актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат од СДСМ, Петре Шилегов информираат од изборниот штаб на Шилегов.

„Драг колега Петре, ти посакувам сè најдобро на овие избори. Градоначалничката работа не е лесна, но ако ја работиш посветено и со љубов, како што ти знаеш, тогаш успехот е неизбежен“, вели во пораката Јанковиќ.

Јанковиќ, на кого ова му е трет мандат на градоначалничката позиција во Љубљана, важи за еден од градоначалниците со најмногу спроведени зелени политики во Европа и човек кој во текот на годините успеа да ја трансформира Љубљана во еден од најзелените градови во Европа.
Љубљана во 2016-та година, додека Јанковиќ е градоначалник, беше избрана за носител на титулата Зелена престолнина на Европа, од страна на Европската комисија. Јанковиќ е одговорен што Љубљана воведе целосна трансформација од град во кој доминира автомобилскиот сообраќај, во град со многу зеленило, пешачки и велосипедски патеки.

Во време на Јанковиќ градот прави значителен напредок во управувањето со отпад и целосно се посветува на политиката за нула отпад. Три четвртини од целата територија на Љубљана се зелени области, каде во изминатата деценија се изведени 5 нови паркови и засадени се над 2000 дрва.

„Среќно и се надевам дека ќе бидеш и во иднина мој колега – градоначалник на Скопје“, завршува Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов

Шилегов: Време е Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сега

Орце Костов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови

Андоновски: Скандалозно е што СДСМ и Шилегов проектирале мостови, а не ја решиле експропријацијата, сега тие мостови завршуваат на приватен имот