(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

Од:

Портпаролката на ОО СДСМ Битола, Ивона Трифунов обвини дека градоначалникот Тони Коњановски и партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ вработиле свои роднини во претпријатието Водовод во Битола.

„Градоначалникот Тони Коњановски си ја вработи кумата во Водовод. Наталија Соклевска во Водовод е вработена како техничар за водоводна мрежа и приклучоци иако со отпремнина заминала од Телеком.

Виолета Ковачевиќ, член на Извршниот комитет на ДПМНЕ во Скопје, си ја вработи нејзината сестра, Јованка Димовска во Водовод, исто како и кумата на градоначалникот.

Братот на советникот Златко Лозановски од ПОДЕМ, исто така, е вработен во Водовод.

Јасно е зошто и покрај сите кривични пријави и утврдени неправилности, никој не се осмели да го разреши директорот на Водовод. Водовод е под окупација на блиски роднини на партиски функционери на ДПМНЕ и коалицијата“, велат од СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО