ВИДЕО: Градинките ќе почнат да работат од среда, но со намален капацитет

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, соопшти дека градинките почнуваат да работат од 9 септември.

Поради намалениот капацитет со кои ќе работат градинките, приоритет за прием во градинка ќе имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители кои немаат можност да отсуствуваат од работа.

Шахпаска апелира до семејствата доколку имаат кој да го чува детето во домашни услови, да не го праќаат во градинка.

Министерот за здравство Венко Филипче го презентираше протоколот за работење на градинките.

„Престојот на децата ќе биде изведен на таков начин што ќе биде избегнат контактот меѓу децата од различни групи. На сите вработени и на децата при влегување во уставновата ќе им се мери температура“, рече Филипче.

Родителот доколку забележи симптоми кај детето не треба да го носи во градинка.

Доколку некое дете појави некакви симптоми за време на престојот во градинката, ќе се изолира во посебна просторија и ќе биде контактиран родител. Секоја градинка ќе има задолжено лице, по можност медицинско за контакт со надлежниот центар за јавно здравје.

Во координација со епидемиолошката служба, матичниот лекар и родителот се одлучува ризикот од ширење на вирусот и кој се треба да замине во самоизолација.

„Детето кое било сомнително дека е позитивно на вирусот, а за кое со тестирање е докажано дека е негативно продолжува да ја посетува градинката со потврда од матичниот лекар“, додаде Филипче.

Забрането ќе биде собирање и меѓусебни контакти на вработените во посебни простории.

„Сите вработени ќе мора да носат маски. Групите со деца до две години ќе може да имаат по шест деца, а групите со деца над две години ќе бројат по 15 деца“, рече Филипче.

Децата ќе спијат на растојание од еден и пол или два метри на принципот „нозе-глава“. Ќе има постелнина за секое дете обележана со името на детето.

Забрането ќе биде користење на играчки кои не се перат и не се дезинфицираат.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски