ВИДЕО: Град уништи 200 хектари во радовишко

Од:

Градобијните ракети задоцнија да го спасат родот во радовишка Ораовица. Синоќешното невреме уништи над 200 хектари. Пропадна јачменот и пченицата, настрадаа и лозовите насади. Градот што паѓал за 20 минути го столчил и тутунот.

„Јачменот е уништен 90 %, а ако фати уште некое невреме денеска целосно ќе биде уништен родот. Лозовите насади се уништени, се гледа по сантите мраз, пченката, тутун нема ништо“, вели Ладе Стојанов од с.Ораовица.

„Толку град не сум видела, беше со лопата да го ринеш. Беше со големина на орев и слива“, вели Шеќеринка Авалаџиска од с. Ораовица.

„Имам скоро 13 декари тутун садено во овој дел, бавчата дома и таа е уништена и не знам што да правам. Среќа што јачменот го ожнеав во петокот. Штети најмногу имам кај бостанот и тутунот“, вели Живко Постолов. Иако од од Управата за хидрометролошки работи објавија дека во Струмица и Радовиш од радарските центри Ѓуриште и Тополчани биле испукани десет градобијни ракети, земјоделците велат дека ракетите, биле активирани по невремето.

„По градот реагираа ракетите. Точно пукаа, ама по градот, наводно било овде некоја заштитна зона. Ако е така зошто пукаа по невремето, ако е заштитна зона нека не пукаа и по градот“, вели Стојанов.

„Велат некоја авионска линија минувала од тука, па после викаат не им дале да пукаат оти имале малку ракети, три испукале“, раскажува Авалаџиска. Земјоделците се поделени, дали треба да си ги осигурат посевите. Но сите се сложни за да почнат земјоделците да си го осигуруваат родот, потребно е субвенциите да ги добиваат навреме“.

„ Субвенциите треба да ни помогнат, ама ги добиваме кога навреме кога не, еве сега уште не сме ги добиле. Тие што ни ги дадоа лани ги потрошивме за нафта, за расади. Сега трпат земјоделските аптеки оти ќе нема род од што да им платиме“, вели Стојанов.

Земјоделците од радовишка Ораовица ќе бараат да се прогласи елементарна непогода. Дали тоа ќе се случи ќе зависи од општинската комисија за проценка на штети, која деновиве ќе излезе на терен.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

(ВИДЕО) Снег ја зафати Србија: Се очекува да наврне до 20 сантиметри, завеан е и автопатот Милош Велики

А1он

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Најмалку четири лица загинаа во невремето во САД, илјадници луѓе без струја

Горан Наумовски

ЦУК: Од силен ветар паднати и оштетени кровови, фасади, дрвја, оштетени автомобили, пожари

Предраг Петровиќ