(ВИДЕО) Гошев: Македонија има огромни проблеми и нема изгледи да ги реши со ваков политички и економски систем

Од:

Темата за новите работни места е целата македонска економија, посочи Петар Гошев на денешната дебата „За слободно општество и социјална правда“, во организација на Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ и „Заслужувамеподобро“.

Македонија има огромни проблеми и нема изгледи да ги реши, особено не со овој економски и политички систем. За да се намали невработеноста, треба да се зголеми економскиот раст, но за тоа треба многу добро организирана држава, силни институции, добро образование, добро здравство, со расчистени поими што е фер, што е правично – доколку ова го нема во едно општество, тоа не може да даде економски резултати.

– Еве два главни показатели за целата беда на целото општество. Од 1991 до 2013, Македонија има економски раст од само 1,3 отсто. Глобаната стапка на раст во светот е два три пати поголема од таа, а на земјите во развој што се компаративни со нас, имаат уште поголем раст од тоа. Значи тоа е нашиот комплетен неуспех. Поради таа стапка на раст, Македонија го губи своето население. Во 1991 Македонија 2 милиони, 33 илјади и 946 жители, тогаш имаше попис, сега со прогнозите на Груевски и Ахмети имаме 2 милиони и 67 илјади жители или раст само од 33500 жители, што просечно годишно е само 2395. Но, не е целата трагедија во овој раст што го нема, зашто без раст на населението нема ниту раст на економијата. Трагедијата е што овие 2 милиони и 67 илјади ги нема во Македонија, не знаеме колку се намалува работната сила по квалитет и квантитет, зашто бандите не дозволуваат собирање на точни податоци. И затоа е невозможно Македонија да има економски раст, само според овој фактор, кој е пак последица на нешто друго, рече Гошев.

Покрај што се одлева голем дел од населението, Македонија го губи и она малку што го произведува.

– Се одлева и тоа низ авении и суецки канали и за тоа има примери, во 2006 од странците повеќе побарувале од Македонија и тоа 1,8 милијарди денари. Во третиот квартал од 2015 година побаруваат близу 5 милијарди повеќе отколку ние што побаруваме, а тоа значи дека Македонија секојдневно станува се’ повеќе поседувана земја, преку таа состојба истекуваат големи пари од овој мал доход што го произведуваме. Како истекуваат? Во тие 9,5 милијарди се 4,1 директни инвестиции на странците и 3,3 милијарди се заеми. На тие 4,1 милијарда инвестиции, странците земаат добивка и го имаат капиталот во свои раце. На тие 3,3 милијарди, Македонија просечно плаќа околу 4 отсто камата. Македонија во странство има 4,7 милијарди, од кои 2,2 се девизните резерви на Народна банка, на кои сега добива помалку од 1 отсто камата, рече Гошев.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

Орце Костов

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски

Болсонаро навреди новинарка за време на дебата: Заспиваш размислувајќи за мене

А1он