(ВИДЕО) Голем пожар во Андалузија: Се евакуираат туристи и локални жители

Од:

Големиот шумски пожар што избувна во градот Тарифа, во шпанската покраина Кадиз (Андалузија), сè уште е активен, а пожарот досега ги принуди властите да евакуираат голем број туристи и локални жители.

11 противпожарни единици, шест противпожарни возила, четири оперативни техничари, двајца инспектори за животна средина и шест дополнителни противпожарни цистерни учествуваат во гаснењето на пожарот, објави денес Радио-телевизија на Шпанија.

Министерот за претседателство на регионалната влада на Андалузија, Антонио Санц, потврди од кризниот штаб дека спортската сала Ла Марина и младинскиот центар Интерховен, кој има 40 дополнителни кревети за привремено сместување, се привремено отворени за евакуираните лица.

Сообраќајот на автопатот N-340, кој вчера попладне беше затворен помеѓу 71 и 80 километри во двата правци, денес беше делумно повторно отворен, но пристапот до споредните патишта и пристапните патишта што водат до евакуираните домови, хотели и кампови останува строго забранет.

„Поради сложеноста на ситуацијата, моравме да го отвориме патот за сообраќај, но не можеме да им дозволиме на луѓето да се вратат во зградите во погодената област“, рече Санц.

Во меѓувреме, пожарите се уште се активни во покраината А Коруња во северозападна Шпанија, која досега изгоре околу 110 хектари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Страшни поплави во Шпанија: Водата носи се пред себе

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија