(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Законот за двојазичност кој СДСМ насилно го турка е во целосна спротивност со Уставот и Рамковниот договор

Од:

„Граѓаните, експертите и сите општествени чинители многу пати предупредија дека законот за двојазичност кој СДСМ сака насила да го протурка е неуставен и штетен за државата. Неуставноста на законот ја потврди и претседателот на државата.

Апелираме до СДСМ да го повлече овој неуставен закон. Да се вразумат и да не ја испуштаат можноста овој закон да биде интегративен елемент, а не нешто што дополнително ќе не одалечува.

Законот за двојазичност кој СДСМ насилно го турка е во целосна спротивност со Уставот на државата и Рамковниот договор. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани во Собранието, со цел усогласување на законот со Уставот на државата.
Ќе ви образложам два члена од овој закон, кои се во директна спротивност со Уставот. Членови за кои ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани.

Првенствено Членот 6 од законот вели дека институциите како што се: Собрание на Република Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, судство, јавно обвинителство, Уставен суд на Република Македонија, Народен правобранител на Република Македонија, институциите во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и институции други области се обврзани по службена должност да обезбедат употребата, комуникацијата, но и постапките да се одвиваат на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку лицето, односно учесникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.

Овој член е во спротивност со ставовите 2,4 и 5 на Амандман 5 од Уставот на Република Македонија. Таму е дадена можност кој било граѓанин што живее во општина во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот во комуникацијата да го употребат својот јазик. Институциите им одговараат на македонски и на јазикот кој го употребува граѓанинот. Наместо тоа во предлогот на СДСМ чл.6 предвидува институциите да обезбедат задолжителна употреба само на еден јазик, во случајов албанскиот. Со тоа директно се дискриминираат помалите заедници во Република Македонија.

Членот 22 од законот за двојазичност кој пропишува глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на органите кои нема да ги почитуваат одредбите од овој закон. Додека глоба во висина од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече и на службеното лице.

Овој член не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е за унапредување на правата на заедниците. Но тоа мора да биде исклучиво во согласност со Уставот и законите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ бара и инсистира во Законот за употреба на јазици да се прошири употребата на помалите етнички заедници во Република Македонија, односно Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и останатите.

Интегрирано општество, просперитетно со еднакви можности за сите ќе имаме само ако го следиме Уставот и законите и ако се почитуваме еден со друг. ВМРО-ДПМНЕ се залага и се бори за тие вредности“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ставовите на Славески се лични, го поддржуваме бојкотот на маркетите

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќa опозициската иницијатива за надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух

Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се обидува да најде оправдувања, но е заглавен во калта на сите системски неуспеси што ги остави зад себе

Петрушевски: Обвинителството да не молчи и да постапи во случајот со Онкологија

СДСМ: Власта создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад