„Државната помош од антикризниот пакет-мерки не завршува во рацете на народот, туку завршува единствено во џебот на Заев.
Освен ИГМ „Еленица“, Заев потребно е да одговори колку други фирми во сопственост негова или на неговото семејство добија државна помош изминатиов период?
Дали е точно дека сите фирми на Заеви, над десетина, зедоа огромни суми пари помош од нашата држава?
Заеви преку нивните фирми кои вртат милиони евра, наместо да дадат за народот земаат токму од народот на Република Македонија“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овде не станува збор за непрофитабилни бизниси, напротив тоа се бизниси кои вртат милиони. Овде станува збор за алчни луѓе како Зоран Заев, кои сакаат да го земат и последниот денар од нашиот народ, наместо да одвојат дел од својот огромен колач на заработувачката.
Заев ги димензионираше мерките за помош на стопанството така што малите фирми и оние бизниси на кои им е најпотребна помошта не можат да дојдат до парите, а дел од колачот ќе има само за крупниот бизнис и фирмите блиски токму до него и до целата влада.
Стотици милиони евра се потрошени и фрлени во таканаречени антикризни мерки, а епилогот е илјадници граѓани со минимална плата и стотици фирми со намалена ликвидност. Пари има почитувани само за блиските луѓе од власта.
Бараме Заеви веднаш да ги вратат парите во буџетот по основ на антикризна помош. Какво лицемерие е сето ова, од една страна делат поткуп со пакети и глумат хумани пред народот, а од друга страна земаат пари од државата.
Заев и СДСМ продолжуваат да го осиромашуваат нашиот народ, а се богатат само тие самите. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ изминативе три години единствено добивме хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија во нашата земја“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.