(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Спасовски и Заев ја понижија полицијата

Од:

„Оливер Спасовски е скоро три години на чело на МВР, а нема реализирано ниту една поголема акција за заплена на наркотици или сузбивање на насилен и организиран криминал.

Убиствата, запалените автомобили и грабежите станаа редовна појава во Македонија, а полицијата е парализирана заради политичките преместувања во службата. Спасовски врши чистка во МВР и ја партизира службата“, рече Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски ги крие податоците за процентот на реализација на кривичните дела, но затоа повикува долгогодишни професионалци кои со усна наредба се шиканирани и прераспоредувани, па сега ги принудува сами да се деградираат и да потпишат да бидат спуштени на пониско ниво во хиерархијата во службата.

Имаме сознанија дека 24 припадници на полицијата во изминативе неколку дена се подложени на тортура за да се самодеградираат. Уценети се сами да бараат прераспоредување на пониско ниво или како што им кажувале ќе виделе што ќе им се случи.

Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност и со парите на државата кои ќе треба да ги исплати за незаконските, политички смени и одлуки.

Имено ако во 2018 година бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесувал 1200, само за првите 5 месеци во 2019 година бројот на тужби изнесува дури 3500. Тоа е скоро 1/3 од вработените во МВР.

Кој ќе сноси одговорност за ова? Колкава ќе биде штета што ќе треба да се исплати од Буџетот на Република Македонија, заради личните хирови на Спасовски?

Спасовски и Заев ја понижија полицијата и за тоа мора да има одговорност.

Спасовски и Заев мора да си заминат. Ова е вистински режим и тој треба час поскоро да биде сменет. Апелираме до полициските професионалци кои се под закана ги охрабруваме да не подлегнат на притисоците, да побараат правна заштита и да ги документираат незаконските постапки на Спасовски. Одговорност ќе има кога ќе се врати правната држава“, изјави Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари