(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопје не е безбеден град, родителите се плашат за нивните деца

Од:

Убијците кои извадија автоматско оружје и пукаа, токму на ова фреквентно место се шетаат слободни. Слободен се уште се шета и убиецот кој пред десет месеци ладнокрвно, на сред улица го ликвидираше младиот фудбалер Мартин Јанушев, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Помина цела недела, а јавноста нема информации ни каде се убијците, ни кои се, ниту зошто го сторија бруталното убиство. МВР е целосно инертно. МВР под раководство на Оливер Спасовски наместо за граѓаните работи за криминалците.

Пред точно една недела, овде среде Скопје на улица „Рузвелтова“ со испукани над 25 куршуми од калашников од возило во движење, две лица беа брутално убиени. Самиот факт што некој се осудил во сред центар на град на фреквентна локација да пука покажува дека безбедносната состојба во државата ни е сведена на нула.
Вистинска среќа е што нема и други жртви, случајни минувачи, бидејќи како што гледате се работи за едно место каде постојано се движат млади луѓе.

Улиците ни се претворени во боишта. Грабежи, тепачки и убиства станаа наше секојдневие. Никој не се чувствува сигурен повеќе по улиците на Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека е нарушена безбедноста, а Оливер Спасовски го злоупотребуваше МВР за да ја лаже јавноста преку соопштенија дека тоа било само во главите на опозицијата. Ги лажеше граѓаните, а сега неговите лаги се плаќаат со човечки животи.

Превенцијата не постои. МВР нема никакви оперативни информации. Сите знаат за криминалот низ градот, а Спасовски спие. Зошто дозволи Спасовски мафијата да стане толку силна и да се чувствува моќно да вади оружје и да пука на најфрекфентните улици?

Наместо Република Македонија да оди напред, неспособното и корумпирано раководство на МВР не враќа 30 години назад, време кога во Белград, Србија, царуваа клановите, а луѓето се плашеа да излезат на улица. Ова што го живееме не се европски стандарди, ова се мафијашки стандарди.

За ова мора и ќе има одговорност. Не може луѓе да се убиваат по улици, а никој да не сноси одговорност за тоа.

Спасовски мора да сноси одговорност, но и да одговори, дали жртвите се блиски до еден член и активист на СДСМ кој напаѓаше опозициски политичари, а дали зад целиот случај има инволвираност и на лица од државната безбедност?“ обвини Ѓорѓиевски

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов