(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Правдоубиецот Заев конечно е на колена, ако не е достоинствен во владеењето, барем нека биде во заминувањето

Од:

„Народот вчера излезе масовно и покажа дека Зоран Заев и неговите политики се пред неминовен пораз на 12 април. Правдоубиецот Заев конечно е на колена.

Народот покажа дека веќе не му верува и не му се плаши. Сите го видоа неговото лице, сите видоа дека тој е главата на мафијашкиот октопод, дека тој е човекот кој договарал одлуки на судот и координирал обвиненија, како и активности на обвинителството.

Сега на сите им е јасно дека со Заев нема ниту правда, нема ниту мир, затоа што тој контролирал и координирал се, почнувајќи од политичкиот прогон на неистомислениците, па се до заштитата на корупцијата, заштита на рекетот и заштита криминалот на својата власт“, рече Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Луј Витон власта на Заев ги создаде Луј Витон куферите полни со милиони, но и Луј Витон судството кое е последниот бастион за заштита на неправдата, на мафијата и на Заевизмот.

Народот одлучно кажа дека ќе го порази лицемерието на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите обиди за постојано себе-амнестирање за криминалите.

Правото и правдата мора да завладеат во Македонија. Првиот чекор кон тоа е покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев кој постојано се меша во обвинителски и судски постапки, и одлуки на Врховниот суд. Тоа ќе го направат обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност.

Второ, итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде што има неправилности ќе има оставки и одговорност пред законите.

Трето, итна реформа на Советот за реформи во правосудството со меѓународна експертска помош, затоа што таму кај што Заев замешал прсти, таму нема правда, а нема ниту чесни намери.

Јасно е дека паѓа Заев и дека ова негова влада е во заминување. Заев и СДСМ нека не го отежнуваат заминувањето и да не застанат пред патот на волјата на народот. Ако не беа достоинствени во владеењето, нека бидат барем во заминувањето.

Обновата доаѓа. Народот доаѓа по правдата и напредокот и никој не може да им застане на патот. Доаѓа и катастрофалниот пораз на Заев и Луј Витон судството на 12 април“, изјави Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски