(ВИДЕО) Ѓорѓиевски:  Порастот на криминалот е уште една причина за предвремени парламетарни избори

Од:

Оливер Спасовски може да го злоупотребува МВР и медиумите и да лаже дека Скопје е побезбеден од Стокхолм и дека тоа е благодарение на него, но реалноста за жал е сосема поинаква, изјави на денешната прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Скопје владее безредие, а на удар се банки, бензински станици, локали и буквално секој што поседува пари или било каков имот.  Криминалот царува, особено пред избори кога партиите од власта не бираат средства за да ги наполнат нивните каси.  Криминалците оперираат, Спасовски не презема ништо и затоа отворено се сомневаме дека постои отворена спрега меѓу нив.

Хаосот и незаконието стануваат редовна појава на улиците на Скопје. Вчера апелиравме дека власта нема контрола и дека криминалот царува, не поминаа ни 24 часа, а сведоци сме на фрлени бомби во угостителски објект и вооружен грабеж како од филмска сцена. Синоќа во 1 часот и 35 минути по полноќ на угостителски објект во близина на Бит пазар е испукан проектил од рачен фрлач, при што е оштетен објектот каде што е фрлен проектилот, но оштетени се и соседните објекти. МВР случајот уште го нема расчистено.

Се молчи и за опожарено возило на сопственик на неколку казина. Во третиот случај со закана со автоматски пушки ограбена е експозитура на Халк банка во Визбегово на Качанички пат. Разбојниците украле непозната сума на пари. Како на филм ги легнувале на земја вработените и им се заканувале дека ќе ги убијат. МВР и во овој случај не реагира. Сторителите се непознати, а штета е направена“, изјави Ѓорѓиевски.

Власта предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски, додава членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, не може да воспостават ред.

„Граѓаните секојдневно се жртва на насилници и криминалци, а полицијата чија основна дејност е да ги заштити граѓаните со прст не мрднува. Порастот на криминалот е уште една причина за предвремени парламетарни избори заедно со претседателските“, изјави Ѓорѓевски.

 

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците