(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Подаваме рака да ни се приклучат сите кои сакаат да се борат против злото кое надвиснало над Македонија

Од:

Ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме единствената алтернатива против оваа ненародна и криминогена власт во Република Македонија предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев. Со денешниов настан, односно со преминувањето на огранокот на Обединети за Македонија во нашите редови, ние испраќаме две силни пораки. Првата порака е дека од една страна и покрај притисоците, заканите и уцените со кои што се соочуваат граѓаните во Република Македонија сепак ние успеваме и се трудиме да бидеме оние кои што ќе бидат единствена алтернатива и вистински обединители на десницата во Република Македонија, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Втората порака е дека заеднички како Македонци, обединети Македонци ќе успееме на крајот од денот заедно да се избориме против оваа ненародна и криминогена власт, која што гледаме дека ширум Република Македонија освен зло и црнила што донесе за нашиот народ, нема ниедно суштинско добро. Ние има е две години во кои што Зоран Заев и неговата Влада немаат предизвикано ниедна состојба со која што ќе го подобрат животот и условите на живот на нашите сограѓани. Напротив гледаме дека владее беда и мизерија во Република Македонија, да тргнеме од земјоделците како што е во овој регион овде, па до сите други гранки во општеството владее тотален хаос, додаде Ѓорѓиевски.

Тој рече дека тие нудат подадена рака за сите оние што сакаат да се приклучат во борбата против оваа власт, да пристапат во нивните редови и заеднички да се борат против, како што рече, злото кое надвиснало над Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито