(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Народот силно покажа дека Луј Витон судството мора целосно да се демонтира

Од:

„Правдоубиецот Зоран Заев се соочи со гневот и револтот на нашите граѓани. Затоа се крие и молчи.

Фатен е на дело како договара судски одлуки и активности на обвинителството. Тоа е јасен показател како Луј Витон власта, креирала Луј Витон судство кое треба да ги штити за криминалите корупцијата, рекетот којшто го прават, но и да ги заштити и за торбите со милиони кои ги изнесувале од нашата земја.

Затоа имаме ситуации кога насилникот Курто Дудуш поминува само со опомена, затоа имаме ситуација шверцерот-градоначалник Боро Марлборо да помине само со три месеци затвор, затоа имаме ситуација Вилма Русковска да не покренува случај за очигледен поткуп на гласачи во Струмица“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука е јасно зошто Русковска и Јовевски се уште не го повикале Зоран Заев да даде барем исказ во обвинителството за скандалозното мешање на Заев во судската власта, за неговата улога во финансирањето на Телевизијата на Боки 13 или за средбите на Вице Заев со Зоран Милески -Кичеец.

Замислете Русковска вчера дури посочи дека тоа што Вице Заев имал средби со Кичеец во период кога рекектот бил во полн ек, за неа не било доволна индиција.

За Русковска е нормално Боки 13, без поддршка на власта, да изрекетира десетици милиони евра. Епа нормално е кога се работи за Луј Витон судството. На дело се гледа спрегата помеѓу Мафијата, Заев и судските власти во Република Македонија.

Затоа народот јасно покажа дека Луј Витон судството мора целосно да се демонтира. Тоа е возможно ако се почне со покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев, заради мешање во обвинителски и судски постапки, како и мешање во одлуки на Врховниот суд.

Тоа е можно со итна и неодложна ревизија на работата на сите Врховни судии без исклучок и ревизија на сите нивни одлуки.

Тоа е можно само со итна реформа на Советот за реформи во правосудството со меѓународна експертска помош.

Заев ги губи претстојните избори. Тоа е јасно како ден, па дури и на членовите на СДСМ. Колку побрзо Заев се помири со тоа, дотолку ќе биде подобро за Македонија и за нашите граѓани“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски