(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: МВР крие детали од јавноста за случајот во Шуто Оризари

Од:

Состојбата во МВР е целосно вон контрола а доказ за тоа е инцидент во Шуто Оризари. Од јавноста се кријат и премолчуваат детали за учесниците и нивните мотиви со што се отвора сомнеж дека повторно пресудна во целиот случај ќе биде политиката, а не правото, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Смешните и паушални објаснувања на Оливер Спасовски се трагедија сами по себе. Прашањата кои ја интересираат јавноста се следни: Дали напаѓачите врз полициските службеници биле исто така полициски службеници, но и лица поврзани со актуелниот градоначалник? Дали е точно дека меѓу приведените има полициски службеници од шестата управа? Дали тие се легитимирале, односно дали службено постапувале или како пак што милува Оливер Спасовски да каже, само приватно? Што барале таму нападнатите полициски службеници во возило без регистарски таблици? Дали е пронајдено нешто во тоа возилото? Зошто сите овие информации се кријат од јавноста и од жителите во Шуто Оризари? Зошто наместо полицијата да се бори против криминалот, оружјето го насочува меѓу себе?“, рече тој.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он