(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: ЈО да го повика Зоран Заев и да го вештачи неговиот телефон

Од:

„Вилма Русковска го штити Зоран Заев – главата на криминалниот октопод во Република Македонија. Иако првообвинетиот во случајот Рекет неколку пати посочува дека во телефонот на Зоран Заев има комуникација која што е важна за расветлување на целиот случај, сепак телефонот на Заев не е одземен со цел негово вештачење.

Што сака Русковска да сокрие!?

Дали во телефонот на Зоран Заев има кореспонденција и комуникација која директно укажува на него како Капо Ди Тути капи на целата рекетарска шема во Македонија!?“, прашува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ЈО молчи во однос на вмешаноста на Заев и на секое негово спомнување ја свртува работата во друг правец.

Првообвинетиот кажа дека Заев преку СМС порака го повикал уште на 16 април во владата со цел да ги соочат доказите. Тоа се цели 6 дена пред Заев да го пријави случајот како што претходно кажа.

Што правел Заев во меѓу период? Дали сокривал докази? Дали изменувал содржина на докази? Дали уништувал докази?

Ова се прашања на кои истрагата мора да се насочи, ако не сега, тогаш со воспоставувањето на правната држава во Македонија.

Првообвинетиот вчера експлицитно кажа дека Зоран Заев менаџирал со судски процеси и обвинителски истраги со цел обезбедување на пратеници.

Ова е уште една причина плус, Зоран Заев да се најде на истражна клупа. Сите презентирани докази индицираат дека Заев во повеќе наврати и на повеќе нивоа менаџирал судски и обвинителски постапки. Зоран Заев ја има дерогирана судската власт и директно се вмешал во нејзината работа. Зоран Заев ја има уништено нашата правната држава.

Република Македонија со СДСМ оди само надоле. Потребна е излез од правно политичката криза и правна криза во која што ни западна државата.

ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија во нашата земја“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски