„ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија, секогаш инересите на граѓаните ги става во прв план.
Секогаш работа, секогаш Куманово, секогаш Македонија, е онаа по кое ВМРО-ДПМНЕ е препознатливо.
Куманово без кал.
1. Изградба на комунална инфраструктура на целата териотрија на град Куманово во период од 4 години, со што ќе биде опфатена целокупната нереализирана инфраструктура и улици во Општина Куманово.
а) асфалтирање на улици и тротоари
б) водовод и канализација
в) улично осветлување
Да го направиме Куманово од највалкан и најнеурбанизиран град, во модерна и урбана средина за пристојно живеење на граѓаните на Куманово.
2. Конечно решавање на постојните проблеми со водоснабдувањето во Општина Куманово
Повеќедецинискиот проблем со хроничниот недостаток на вода низ целата година на повисоките зони во градот, да понудиме конечни решенија за предстојниот период од 20 години.
а) Реактивирање на постојниот Тутунски вод.
б) Барање алтернативни решенија за зголемување на дотурот на вода до фабриката за вода во Куманово.
Со оваа во Куманово основната потреба за нормално живеење ќе биде успешно решена за сите делови од градот и со понатомошното ширење на градот.
3. Отворање на ТИРЗ зона во непосредна близина на коридор 10 во Куманово.
Едно од главните решенија за локалниот економски развој во Општина Куманово е токму отворањето на ваквата зона, со што главниот проблем на Куманово, а тоа е акутната невработеност со бројка од 19.600 невработени, ќе биде едно од главните решенијата за успешен напредок во градот и значително намалување на невработеноста.
4. Изградба на рекреативен парк Студена вода.
Изградба на парк во вредност од 500.000 евра, во кој ќе бидат опфатени објекти со културни, спортски и угостителски содржини на површина од 10 хектари, со трим патеки за трчање и рекреација, со патеки за пешачење во локалната шума која се простира на површина од 25 хектари. Паркот ќе опфаќа и патеки за велосипедизам, мултифункционално игралиште и реконструкција и изградба на локалниот пар до локалитетот, со клучка од патот Куманово-Св.Николе во должина од 800 метри.
5. Изработка на нов развоен ГУП, со сообраќајно решение кое ќе биде во тек со идниот развој на град Куманово и неговата околина.
6.Изградба на нови сообраќајни решенија, нови кружни текови и други компатибилни решенија во градот.
Проширување на влезот во град Куманво и зголемување на собраќајната сигурност од автопатот (е-75) Александар Велики.
Кружен тек на булевар Октомвриска револуција.
Кружен тек на вкрстувањето на ул. Доне Божинов.
Правење на ново собраќајно решение, односно изработка на нов кружен тек на клучката Октомвриска Револуција, Трета Македонска Ударна Бригада и Бранко Богдански Гуцман, кај месноста (Митев мост).
7. Изградба на градинки
Еден од акутните проблеми на младата популација во град Куманово, повеќе места за згрижување на децата од најраната возраст
а) населба Карпош
б) населба Перо Чичо
в) населба 11-ти Октомври
г) реконструкција и проширување на постоечка во населбата Гоце Делчев
8. Изградба на 3 нови училишни спортски сали
а) СОУ „Наце Буѓони“
б) ОУ „Јероним де Рада“ с. Черкезе
в) СОУ гимназија „Гоце Делчев“.
9. Изградба на 50 мини детски паркови во Општина Куманово.
10. Нов средно училишен центар со дислокација на постојниот сместен во просториите на дирекција ЗИК – Куманово, со тоа на децата од средношколска возраст од албанска националност да им овозможиме побезбедно учење од постојново сега што го имаат.
11. Нова меѓуградска автобуска станица.
12. Изградба на повеќенаменски спортски игралишта во с. Пчиња, с. Режановце, с. Биљановце, нас. Карпош и Агино село.
13. Изградба на нов зелен пазар во населба Гоце Делчев.
14.Формирање на канцеларија за помош на инвеститори.
15.Реконструкција на фасади на објекти во централното градско подрачје.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и остварува. Граѓаните знаат кој работи за нивната доверба, кој работи за нивно добро и кој работи за подобро утре за Куманово. Работата е наша одлика. Секогаш работа, секогаш Куманово, секогаш Македонија! Нашето мото е „Бидете дел од новата ера“, заокружите број 13 за подобро утре, за подобро Куманово!“, изјави Зоран Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Куманово.