(ВИДЕО) Ѓорчев: Секојдневно во Македонија се случува политичка репресија и се вршат масовни притисоци

Од:

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека во Македонија секојдневно се случува политичка репресија, се случуваат упади во општините и се случуваат масовни притисоци врз кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, врз гласачите и врз цели групи на граѓани.

– Гледаме и сведоци сме дека само денес имаме директен атак и директен упад врз општините Вевчани, Крива Паланка и Берово. Последица на тоа е се поголем револт кај народот а причина за тоа е исплашеноста на СДС и Зоран Заев од поразот на локалните избори кои што им претстои. Револтот кој што го имаат граѓаните на Република Македонија, секојдневно е поголем. Истовремено нервозата и паниката која што валдее во СДС, секој ден е се поголема, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека сме сведоци на политичка хајка, на репресија од државните органи и менаџирање на пораз кој што ќе се случи на 15. октомври.

– Владата нема легитимитет. Легитимитетот секој ден им паѓа, рејтингот секој ден им паѓа. Единствената вина на градоначалниците и општините, и граѓаните кои што се под удар е што отворено и јасно се спротивставуваат на режимот на СДС. Досега ударите беа бројни низ цела Македонија. Но, никого нема да уплашат. Досега удрија врз општина Прилеп, општина Неготино, општина Штип, Кавадарци, Велес, Македонски Брод, Ново Село, рече Ѓорчев.

Како што кажа тој претепувани биле актуелни и кандидати за градоначалници и бил вперен пиштол во кандидат за градоначалник.

– За прв пат во независна Македонија имаме убиство на кандидат на избори. Вакви работи во Македонија никогаш немало. Никогаш немало недела дена пред избори упади во општини, репресија врз гласачи и репресија врз цели социјални групи. Никогаш немало ситуација каде што биле убивани кандидати или пак буквално на улица претепувани. Единствената „грешка“ единствениот грев на овие луѓе е што прифатиле и се нафатиле да се спротивстават на нелегитимна, непопуларна и од народот осудена влада, вели Ѓорчев.

Тој кажа дека за тие што го прават ова и за нивните наредбодавачи ќе има одговорност.

– Во моментов се случува масовно беззаконие, со упадите во општините се случува масовна политичка и партиска репресија која што личи на 1948 година, но ова нема долго да трае. Напротив, ќе трае многу кратко и оваа влада ќе биде едноставно црна страница во македонската историја. Црна страница во македонската историја, но сепак граѓаните ќе победат. Граѓаните и народот не може да бидат поразени, играат на домашен терен и тоа ќе се види на 15-ти октомври, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?