(ВИДЕО) Ѓорчев: Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ со силна поддршка за засилена инфраструктурна ревитализаицја низ Македонија

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразува силна поддршка на политиката за забрзана и засилена инфраструктурна ревитализација низ Македонија, нагласи на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, истакна тој, ги подржуваме проектите кои произлегуваат од барањата и интересите на граѓаните.

Како што најавивме во нашата изборна програма, подвлече Ѓорчев, проектите од инфраструктурата ќе бидат меѓу приоритетите.

– Обезбедени се средства за започнување на повеќе инфраструктурни проекти во источна Македонија кои ќе започнат следната година и тоа:експресен пат Штип – Кочани, реконструкција на патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево и прва фаза од најоштетените делови на патот Пробиштип – Крупишт, рече пратеникот Ѓорчев. Тој најави и продолжување на проектит за изградба на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип и целосна реконструкција и проширување на патот Велес – Лозово – Кадрифаково.

Осврнувајќи се детално на овие проекти, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека со обезбедените средства ќе започне изградба на главната  магистрала низ источна Македонија која што ќе започнува од Штип, а ќе завршува во Кочани и ќе ги поврзува Чардаклија, Долни Балаван, Крупиште, Чифлик, Облешево и Кочани.

Со овој проект, оцени, практично ќе се изврши проширување и осовременување на регионалниот пат во нов и модерен експресен пат кој ќе ги поврзува Штип и Кочани.

Според проектот, појасни Ѓорчев, овој експресен пат треба да биде во должина од 26 километри, кој ќе почнува од клучката кај Три Чешми во близина на Штип и ќе завршува на влезот од Кочани. Се предвидува магистралата да има две ленти за возење од по 3,5 метри широчина, по две ленти за застанување широки по 2,45 метри, а покрај нив од двете страни да се истампонира пат широк по 3,5 метри кој би го користеле локалните жители. Значи, посочи, од моменталната широчина од 6,40 метри, ќе се добие пат се широчина 11,40 метри.

– Инфраструктурните проекти како овој се повеќе од потребни особено во источниот дел на Македонија, но секако и низ целата територија на државата. Овој нов експресен пат ќе придонесе на само за осовременување на патната мрежа во Македонија, но исто така и за побрз економски развој на регионот, вклучувајќи ги индусријата, економските зони, туризмот, земјоделството, рударството и повеќе други гранки, изјави Ѓорчев.

Според него, веќе се проектира уште една нова магистрала од Радовиш до Штип во должина од 35 километри која треба да обезбеди поголема сигурност и побрза комуникација на источниот дел на Македонија со централниот дел. Со голем интензитет, информира, се одвиваат активностите околу новиот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип за кој пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја дадоа поддршката во Собранието на Република Македонија. Од планираните 47 километри колку што треба да изнесува новиот автопат, потсети, веќе 40 проценти се пробиени.

Тој најави дека кон крајот на 2015 година ќе започне целосната реконструкција и обнова на патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево. Исто така, ќе се санираат и одроните и слечиштата на овој пат.

– Тука можеме да ја споменеме и делницата од Велес – Лозово – Кадрифаково која што веќе е во третата фаза на својата изградба односно се поставува носечки слој на асфалт. Сите овие проекти во источна Македонија ќе направат овој регион да биде поконкурентен и уште попривлечен за инвестирање, ќе ја зголемат безбедноста на патиштата, како за патниците така и за превозниците на разни стоки и услуги, рече на денешната прес-конференција пратеникот Ѓорчев.

Тој изрази задоволство што се инвестира во сите делови на Македонија, вклучувајќи ги и овие најголеми проекти последниве децении во источниот дел на нашата држава.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата