(ВИДЕО) Ѓорчев: Македонија ги живее најтажните и најцрните моменти од своето постоење како држава

Од:

Македонија ги живее најтажните и најцрните моменти од своето постоење како држава. Македонија денеска има 3.200 мртви, 3.200 починати луѓе. Но, кога ќе ги погледнеме бројките по градови стануваме свесни за размерите на ужасот и катастрофата која што ни се случува – рече на прес конференција Владимир Ѓорчев, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Скопје веќе имаме 1.020 починати луѓе. Бројките се речиси исти како скопскиот земјотрес, тоа е ужасот и трагедијата која што ни се случува. Понатаму Битола 156 мртви, Охрид 138 починати, Прилеп 264 мртви од короната, Велес 112, Штип веќе се движиме кон бројката од 100, Струмица 115 семејства ги изгубиле најблиските, Кочани 50, Куманово 213 починати. Ова не се само бројки, ова се семејства, ова се луѓе, ова се судбини. Ова се црните и катастрофалните бројки од неспобноста на Зоран Заев, Венко Филипче и нивните министри. Време е за одговорност и време е за оставка“ – вели Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица