(ВИДЕО) Ѓорчев: Германската и швајцарската амбасада даваат преку 2000 визи месечно за македонски граѓани кои се селат

Од:

Изминатите денови, недели и месеци сведоци сме на невиден егзодус, на невидено до сега иселување од Република Македонија. Се иселуваат ученици, си заминуваа млади, си заминуваат цели семејства, се иселуваат цели општини и села. Неспособноста на Владата на Зоран Заев, на неговите министри резултира со тоа што граѓаните ја губат надежта во Република Македонија, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо живот во Македонија, донесоа трајно иселување невидено како никогаш досега, донесоа егзодус, донесоа едноставно безпарица, заминување и дигање раце од животот во оваа држава. Ќе ви прочитам неколку бројки кои што се и тоа како загрижувачки кои што ги кажуваат трендовите. Конкретно, амбасадата на Сојузна Република Германија посочи и кажа дека издала по 75 визи дневно, внимавајте тоа се околу 1500 иселени граѓани од Република Македонија само во текот на еден месец. Годишно зборуваме за една година за околу 20 илјади луѓе, можеби и повеќе. Никој не ја знае точната бројка. Амбасадата на Швајцарија оперира со бројка од 500 до 700 визи месечно. Значи ако ја ставиме на една страна амбасадата на Германија со околу 1500 визи месечно, амбасадата на Швајцарија со околу 700 визи, ако на тоа ги додадеме другите земји како што се Белгија, Австрија, Словенија, Норвешка,Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија и цела низа на други европски земји, доаѓаме до поразителниот заклучок. Наместо живот Владата на Зоран Заев донесе иселување, донесе невиден егзодус од Македонија, каде што особено заминуваат младите, каде што заминуваат цели семејства. Тоа е тажна и болна слика на економските политики на Зоран Заев и на неспособноста на неговите министри, рече Ѓорчев.

Тој потсети и на вчерашната прес-конференција, каде што кажа дека во Штип само од почетокот на оваа година се отпишани 77 ученици.

– Источна Македонија, масовно се иселува. Ако видиме во делот на Кочани имаме иселување на 20 тина ученици. Само во овие два три града зборуваме за 130, 140 иселени ако ги додадеме и околни помали општини. Навистина загрижувачки бројки. Ако само во Штип видиме дека за 10 месеци се иселиле 77 ученици, тоа значи дека ако ги додадеме нивните родители на овие ученици, нивните семејства, децата кои што не одат на училиште само од Штип се иселени околу 400 граѓани. Тоа е 1 процент од популацијата на овој голем, најголем град во Источна Македонија, односно тоа е некаде 4 до 5 проценти на младата популација. 4 до 5 проценти на младата популација иселени само во една година. Ова е алармантно, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека за 2017 година, според Заводот за статистика најмногу граѓани биле иселени од општина Гостивар и општина Делчево.

– Значи се иселува и Западна Македонија, се иселува и Источна Македонија. Нема место од Македонија од кое што луѓето не заминуваат. Значи час поскоро итно, утре или потоно речено вчера Владата на Зоран Заев треба да преземе мерки околу ова. Би сакал исто така да обрнам внимание и на егзодус од неколку општини во Македонија исто како примери. Имаме ситуација во која што иселувањето од Тетово и тетовско, од Боговиње, понатаму од Желино, од Теарце се засилува. Луѓето си заминуваат, луѓето не им веруваат на лажните ветувања на Зоран Заев дека ќе донесе живот, ќе донесе правда и безбедност кога се случува токму спротивното, рече Ѓорчев.

Како што кажа тој, места каде што паралелките имале по 30тина деца сега одвај имаат 20 или 15 деца, се затвораат училишта, се затвораат паралелки.

– Истото се случува од егзодусот од Гостивар, од општина Врапчиште, од Форино, од другите населени места од Чегрене, заминуваат луѓето од Маврово Ростуше, заминуваат луѓето од Кичево и кичевско, заминуваат луѓето од Дебарско, од Струшко исто така се прави. Липковско има невиден, невиден егзодус, нема никакви проекти од Владата на Зоран Заев. Арачиново исто така, а истовремено се иселува и Источна Македонија, јужниот дел Пелагонија, се иселуваат луѓе од Скопје. Значи оваа Македонија на Зоран Заев се иселуваат и Македонците и Албанците и Труците и сите останати без оглед на националната или верската припадност. Станува збор навистина за поразителни бројки, станува збор за поразителни статистики кои што долгорочно ја засегаат иднината на Република Македонија, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци