(ВИДЕО) Георгиевски: Ќе се грижиме за напредокот на културата и заштита на културното наследство во нашата општина

Од:

„Почитувани граѓани, локалната власт во заминување остави остава длабоки последици во нашата општина предизвикани од нејзиното неодговорно и расипничко однесување. Ваквиот пристап предизвика негативни последици и за културата и културното наследство.

Сето она што во минатото претставуваше културен симбол за Гази Баба, денес е заборавено и запоставено.
Ние се обврзавме дека ќе работиме во интерес на граѓаните и во подобрување на квалитетот на живот.
Ќе се грижиме и за напредокот на културата и заштита на културното наследство како симбол и одлика на нашата општина.

Идната локална власт целосно ќе го обнови и повторно ќе го стави во функција Домот на културата 11 ти октомври кој што како што и сами забележувате е целосно руиниран.

Ќе го вратиме на граѓаните домот на културата кој претставуваше еден белег на нашата општина во минатото.

Ќе ги обновиме и направиме повторно функционални и Домот на културата Димитар Влахов во Автокоманда и оние во Маџари и Трубарево како и домот на потегот Колонија-Идризово.

Граѓаните на Гази Баба заслужуваат да имаат места со кои ќе се гордеат.

Заслужуваат места за културно – уметнички манифестации и општествен напредок на своите деца.

Почитувани, јас и мојот тим се обврзуваме дека ќе го штитиме и унапредуваме нашето културно наследство.
Културата нема да не дели, туку ќе обединува.

Ќе работиме по план и ќе создадеме модерна, современа и напредна општина“, изјави Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски