(ВИДЕО) Георгиевски: Ќе обезбедиме услови за чист воздух и чиста и здрава вода за пиење

Од:

„Почитувани граѓани, изминатите години, Гази Баба стана една од најзагадените општини на територија на градот Скопје. Новата локална власт во општината ќе обезбеди услови за чист воздух и чиста и здрава вода за пиење затоа што тие се клучни за здравје и живот. За нас ништо не е поважно од здравјето на секој граѓанин.

Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние го слушаме и одговорно ќе преземеме мерки за решавање нај приоритетниот проблем за сите здравата животна средина.
Јас и мојот тим создадовме вистински решенија кои ги решаваат проблемите и обезбедуваат квалитетен живот.

Имаме план за ефикасно функционирање на комуналните претпријатија по помали трошоци за граѓаните.

Ќе обезбедиме создавање на на дополнителни зелени површини на територија на општината кои се важни за живот.

Во реонот на Раштак, Страчинци, Виниче и околината ќе изградиме систем за чиста и квалитетна вода за пиење затоа што тоа е неопходно за граѓаните.

Дополнително ќе имаме постојано и навремено чистење на каналите и депониите во населените места.

Почитувани проектот гасификација за секој граѓанин е клучната мерка која покрај ниските трошоци за граѓаните ќе биде директен фактор за здрава животна средина.
Здравјето на секој граѓанин е врвен приоритет за нас.

Промените на 15 ти октомври ќе донесат живот за сите во Гази Баба и ќе обезбедат здрава животна средина“ рече Борче Георгиевски, кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он