(ВИДЕО) Генерал Николовски за Канал 5: Некој полицајците ги изложи како живо месо

Од:

Генералот во пензија Илија Николовски гостуваше вчера во живо во вестите на Канал 5.

Разговорот беше поставен на сајтот на телевизијата, па исчезна, но се појави верзија на Јутјуб снимана со мобилен телефон.

Видеото се шири на социјалните мрежи и еве ги ставовите на генералот:

Според Николовски терористите биле најверојатно платени да го направат ова во Куманово и посочи дека тешко никој ќе може да ги наруши мегунационалните односи.

„Стратешки интерес на Албанците е Косово и сите други да бидат мирни и стабилни. Оценка на многу специјалисти, а тоа е спротивно на она што го тврди владата, е дека се работи за платеници. Не знам кој е организаторот и кој ја контролира оваа криза, но имам чувство дека организаторот некои работи не ги предвидел и дека некои работи му излегле од контрола. Ги повикувам организаторите да преземат мерки да не ескалира ова. Не сакам ни да помислам дека некој ја провалил полициската акција, но спрема бројот на жртвите имам чувство дека некој полицајците ги изложил како живо месо“, рече Николовски.

Тој додаде дека никогаш немало поголема сплотеност, дека нема меѓуетнички раздор.

Николовски ги повика политичките партии да не дојде до поголеми судири и апелираше да не се применува македонскиот феномен за контрапротести.

„Претседателот и премиерот треба да се појават со официјални информации, затоа што македонската јавност тоа го очекува“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски