(ВИДЕО) Ганиу: Не ја уништуваме Скопската чаршија, туку ја ревитализираме за граѓаните

Од:

Нема да се уништи автентичноста на Старата скопска чаршија, проектот е за ревитализација на истата и за сочувување на ова културно наследство, рече градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу на денешната прес-конференција.

Тој се огласи во јавноста по вчерашните бурни реакции на социјалните мрежи дека овие зафати за реконструкција се одвиваат токму кога фокусот на граѓаните е кон епидемијата од коронавирус и се отворија сомнежи дека ќе биде уништена Чаршијата и нејзината автентичност.

Според Ганиу новиот травертин е најблизок до автентичниот камен на Чаршијата за што се направени и лабараториски анализи, а сменет е оној камен на улицата кој бил поставен во 1978 година.

„Сите активности на овој проект за ревитализација на чаршијата се одвиваат под мониторинг на Управата за заштита на културното наследство и со нејзина дозвола. Проектот го контролира и Светска банка од каде што е добиен и грантот од 600. 000 евра за негова имплементација. Сите обиди да се претстави во јавноста овој проект како штетен за ова наше култирно наследство се неосновани“, рече Ганиу.

Проектот е одобрен во декември минатата година со сите дозволи од надлежните институции.

Во сите фази на реализација е предвидена замана на каменот на оваа улица со нов за околу 1800 метри квадратни, потоа реставрација на 85 дуќани, поставување на натписи, тенди, апликација за идентификација на спомениците, и целосна сигнализација на Старата чаршија.

„Целта не беше да се направи измена на автентичноста туку да се отстранат оштетувањата на улиците од атмосферските влијанија. Дуќаните ќе бидат ревитализирани со нивниот оригинален печат токму за да се поправи грешката на некои кои во минатото самите ги реновирале дуќаните и со тоа ја деградирале автентичноста на Чаршијата, рече Ганиу.

Што се однесува до складирање на извадениот камен, Градоначаникот на Чаир рече дека камењата се чуваат во магацин и ќе бидат употребени во реконструкција на улицата „Самарџиска“.

„Имаме основен проект и конзерваторска дозвола за преостанатите активности, и сакам да потенцирам дека во целост сме посветени за зачувување на овој наш култирно-историски монумент кој е завидна туристичка атракција на напиот град, додаде Ганиу.

Би можело да ве интересира

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

ВИДЕО: Рекорд без автомобили – Кога Скопје ќе ја добие ветената најголема пешачка зона во Европа?

Владата го прогласи Куршумли Ан за културно наследство од особено значење

А1он

Непознати лица се обиделе да запалат кафеана во Чаршија, ама не успеале

Жарко Настоски

Старата скопска чаршија со нов лик – реставрирана улицата „Битпазарска“ и 39 излози на дуќани

Ана Ололовска

Конзервација и реставрација на излозите и рекламите на 18 дуќани во Стара скопска чаршија

Ана Ололовска