Во емисијата Анализа на ТВ 24 Вести, професорот и поранешен министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги загубила изборите во 2011 година. Тој се согласува дека во демократијата се мора да има разрешница на избори, но не да бидат организирани од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како што на педофил треба да му се забрани да се движи околу училиште, така на ВМРО-ДПМНЕ треба да и се забрани да организира избори, да пипне се што е околу избори. Избори ќе има, но не организирани од нив. Не смее да им се дозволи, по тоа што сами признаваат дека фалсификувале 100.000 лични карти на избори кои ги губат. Целата опозиција има 50.000 гласови повеќе од нив. Тие седат на нелегитимни столчиња“, рече Фрчкоски.
Во емисијата Анализа гостуваше и екс министерот за внатрешни работи, а сега пратеник и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Трајанов.