Симболичкиот суд на правда на граѓанското општество – „Tribunus Civilis“, третиот настан или судската расправа ја посвети на темата „Злосторство на молчењето“, со цел да се посочат и посведочат сите состојби кои го овозможија развивањето на автократскиот систем во Македонија.
Професорот Љубомир Фрчкоски ги резимираше ставовите на говорниците кои зборуваа во својство на судии – сведоци, дека молчењето, стравот, опортунизмот и директниниот клиентелизам со диктатурата на институциите и личностите кои можеле да влијаат, како и невршењето на нивната улога во образованието, науката, јавната дебата и’ овозможило на таа диктатура да се стабилизира и да трае толку долго.
– Дали беше зададен варварски удар на културата во Македонија, со рекомпозиција на реалноста, со корумпирање на уметниците, со бришење на минатото, со намерен дисконтинуитет, со користење на културните работници како алатка за воспоставување на новокомпонирана античка фантазмагорија на реалноста? Едногласно да, на седумте судии сведоци, рече Фрчкоски.
За клучниот сегмент на академската слобода и творештво, УКИМ ги одмолчи суштествените предизвици на власта кон Универзитетот, на одземање на неговата автономија неговиот статус и општествена функција.
– УКИМ опортунистички ги одмолчи ударите на неговата автономија, на автономијата на високото образование, критичкото образование на студентите, прогонот и апсењата на своите студенти и критичката интелигенција долж студентските протести и ја поттикна репресијата со својота тивка колаборација со власта. И повторно со тоа круцијално потфрли во вршењето на својата функција на факел на слободната мисла, критичкото образование и слободата во општествената заедница, рече Фрчкоски.
МАНУ беше браникот на најконзервативната националистичка хистерија во Македонија и круцијално потфрли во создавањето на зрела научна промисла на слободата, напредокот и демократијата во Македонија.
– Медиумите се претворија во инструмент на моќта, на диктатрата, изобличувајќи ја својата улога на чувари на светлото на слободната мисла и критичка свест. Гигантски дел од медиумите на срамен начин колаборираа со диктатурата обезбедувајќи ја својата секојдневна беда и продавајќи ја својата душа, рече Фрчкоски.
Меѓу заклучоците на Трибунус Цивилис е и дека цивилното општество беше злоупотребено од страна на власта со формирањето на паралелни оргнизации.
На третата сесија на судската расправа учествуваа Љубомир Фрчкоски,
Уранија Пировска, Ана Чупеска, Наталија Поповска, Слободан Унковски,
Стево Пендаровски, Огнен Спасовски, Бранко Тричковски, како и Питер Ванхауте, Ерван Фуере и Лоде Вануст.