(ВИДЕО) Фрчкоски: Судиите да бидат кривично гонети е одличен предлог

Од:

Извештајот на Прибе е прилично остар, но е одличен, особено неговиот предлог кривично да се гонат судиите кои имаат сторено кривични дела, смета универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски.

Според него, овој извештај е основа за спроведување на реформите во правосудството кои веќе се подготвуваат.

– После ова некои судии мислам дека кривично ќе бидат гонети и судени што е одличен поттик. Локацијата на блокадите е во закрчените инстиуции на правосудството, мора политички удар врз нив.

– Тоа значи нов закон, да ги смените, тој тромб во крвотокот на судството, мала група, десетина, петнаесет судии, за да може правдата да биде доделена, вели Фрчкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје