(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема да има национален консензус, власта да ја понесе одговорноста за името

Од:

Универзитетскиот професот Љубомир Фрчкоски во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека нема да се создаде национален консензус за спорот со името. За решението, ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа секогаш и во секое општество било така, нагласува Фрчкоски.

Тој вели дека работите тргнале и дека очекува проблемот, стар 18-20 години, да се затвори во најбрза иднина.

„Нема да се создаде таков консензус. Политичката желба околу консензусот е разбирлива, таа секој политичар ја посакува за вакви прашања и се обидува да ја промовира. Решението ќе биде одржливо, такво да не задира во националното достоинство и идентитет и за тоа ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа така секогаш било, во секое општество донесено за вака клучни прашања. И во таа смисла ќе биде апсорбирано, јас мислам дека по месец-два тоа прашање ќе престане да биде тема воопшто. Ако е вака како што знаеме отприлика, очекуваме дека решението ќе биде околу идентитетот, јазикот и името. И во таа смислам мислам дека ќе биде прескочена, не знам како, не ми е јасно во овој момент, не можам да го досогледам тоа, и фазата со референдумот околу тоа“ вели професорот Фрчкоски.

Според него, на референдум, граѓаните би се изјасниле за промена на името.

Фрчкоски оценува дека законот за јазиците предизвикал негативни реакции во јавноста, бидејќи, како што вели, националистичките омрази не се мртви во Македонија.

„Тие можеби малку се повлечени и хендикепирани од овој катастрофален период од десет години на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа во основа голем дел од луѓето и понатака мразат и посебно ги мразат комшиите и нивните културни карактеристики. Дури до тој степен што знаат да ги жртвуваат нивните стручни дипломи и профили на олтарот на предрасудите кон другите и да се компромитираат во основа. Она што јас го нарекувам експертска стручна нечесност во јавноста, да се расправа за омраза, а не да се расправа за правните консидерации на законот.Не е во судир со Уставот, значи уставен е и во друга смисла и извира од ставот 5 од член 7 од Уставот. Во сите решенија тој не го изедначува македонскиот и албанскиот јазик, во овој случај албанскиот или оној што го зборуваат најмалку 20 проценти немнозински заедници“ додава Фрчкоски.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска