Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски смета дека СДСМ мора да ги објави информациите кои ја поврзуваат власта со одредени афери и само така ќе ја промени перцепцијата која ВМРО-ДПМНЕ сака да ја создаде кај народот-обид за наводен пуч.
Според Фрчкоски периодов кој следи власта ќе ја засили својата активност и на секој можен начин и средства на располагање ќе се обиде да дознае за кои афери СДСМ и Зоран Заев зборуваат.
Фрчкоски објасни дека најверојатно аферата ќе излезе на виделина со доаѓањето на новиот амбасадор на САД во земјава а дипломатскиот кор многу внимателно ќе следи што ќе се случува но и ќе ги менуваат изјавите околу случајот во зависност од она што ќе објави СДСМ.
„Мора да се појават информациите на злоупотреби во јавност и тоа сосема ја менува структурата на перцепција и случајот понатаму. Тие не смеат да останат наводни или под наводници и треба да почекаме“, рече професорот Љубомир Фрчкоски.