Владеачката гарнитура има концепт, Македонија го заокружува режимот, тврди професорот Љубомир Фрчкоски. Тој вели дека ЕУ ова не го гледа.
„Тоа е авторитарен популизам со демократска фасада. Еден лик е за странците, а друга е реалноста во која тие владеат. Државната администрација е целосно партизирана и е жестока машина на власта, судството е целосно згазено, тоа е инструмент на моќта, медиумите се самата моќ на власта, тие не се само инструменти“, вели Фрчкоски.
Посочи дека власта се пресметуваа со опозицијата. Посочи дека се затвори А1 телевизија, се избрка опозицијата од Собранието и се затвора опозицијата. Го делат народот македонци-предавници македонци-против цел свет. Ова, вели е одлика на авторитарните системи. Односот на ЕУ е дека треба да испорачаме безбедност и ги покриваат авторитарните лидери.
„ЕУ во врска со аферата Пуч апелира на фер судење, а претходно рекоа дека има селективна правда. Што е вистината? Се однесуваат како хипиците во 68-ма, бараат нешто невозможно“, рече Фрчкоски.