(ВИДЕО) Филипче: За 40% ќе ги зголемиме платите на здравствените работници

Од:

На денешната централна прес-конференција во Штип, претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче ги презентираше вложувањата во здравството во изминатите три години и ги најави следните чекори со цел зајакнување на целиот здравсрвен систем.

Филипче потенцираше дека кризата покажа дека здравството е еден од столбовите на државата. Тој рече дека ќе се продолжи да се инвестира во човечките ресурси, во напредни методи, во опрема и во терапии. До крајот на 2020 ќе се дефинира 10-годишната стратегија за издвојување и инвестиции во здравство и ќе се побара широка собраниска поддршка за неа заради тоа што на здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување.

„Човечкиот капитал претставува најголем и најскап ресурс на здравствениот систем, кој е најтешко да се развие, одржи и задржи. Секоја година ќе ги зголемуваме платите на здравствените работници и соработници за 10%, значи вкупно 40% за целокупниот следен мандат. Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добијат 12 000 денари субвенција за решавање на станбеното прашање. Ќе го зголемиме бројот на специјализации преку два механизми. Прво, ќе се зголеми бројот на специјализанти по ментор, а понатаму и со реформа во рамките на Медицинскиот факултет ќе се зголеми бројот и на наставни лица. Младите лекари ќе имаат можност да напредуваат и во науката, многу повеќе отколку што тоа го имаат сега“, истакна Филипче и додаде дека ќе се склучи договор со Универзитетската болница во Франкфурт за размена на кадри.

Пациентот е центарот на здравствениот систем. Ќе се воведе проект „Телемедицина“ каде ќе патува информацијата, а не пациентот, со поврзување на клиничките болници со Универзитетскиот Клинички центар. Со ова, секој пациент ќе добие навремена и брза интеренција.

„До крајот на мандатот ќе започнеме проект за енергетска ефикасност на сите болници и здравствени домови во нашата земја. Ќе ги реновираме најстарите одделениjа во болниците, нешто што го започнавме и над 20 одделенија се веќе реновирани. Ќе обезбедиме 70 нови возила до крајот на мандатот за итна медицинска помош. Капацитетот на итната медицинска помош во Скопје го зголемивме за 100%. Ќе направиме три пунктови за итна медицинска помош“, информираше Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче рече дека ќе се почне со изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје.

За реализираните мерки во изминатите три години, претседателот на Комисијата за здравство потсети дека Владата предводена од СДСМ наследи здравствен систем со целосно намалена ефикасност и ефективност – со демотивираност и ниски плати за здравствените работници. Со огромна смртност на родилките и новороденчињата, со недостаток од лекови и медицински потрошен материјал, лекови и инсулини од сомнително потекло и огромни долгови на јавно здравствените иснтитуции.

„За три години инвестиравме многу. Инвестиравме во платите на здравствените работници. Сега лекар специјалист има помеѓу 85 и 160 илјади денари плата. Се инвестираше во буџетот за ретки болести од 230 на 520 милиони денари, донесовме шест нови лекови за ретки болести, за кои пациентите беа приморани да одат да се лекуваат во странство. Се донесоа оригинални инсулини. Претходдно, пациентите со шеќерна болест примаа инсулини донесени на сомнителен начин од Турција, без никаков сертификат за квалитет, а пациентите немаа ефект од примањето на инсулините“, рече Филипче.

Филипче ги потенцираше и инвестициите во вакцините и модернизацијата на календарот за имунизација и зголемениот процент на опфат со вакцинација.

„Имаме две нови вакцини како најсовремените европски земји. Го зголемивме опфатот со вакцинација од под 80%, во Скопје е сега над 99%, а на територијата на целата држава над 95%“ – истакна Филипче и додаде дека сето ова е мотив и уште еден дополнителен стимул да се продолжи понатаму, да се инвестира таму каде што е најпотребно, во системот на јавно здравство.

Здравството е еден од столбовите на државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он