(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека последните активности на Соединетите Американски Држави со носењето на Законот за Западен Балкан, јасно покажуваат дека ВМРО е во паника и дека вистината излегува на виделина.

„Акцијата на Соединетите Американски Држави, Законот за Западен Балкан каде фокус е борбата против криминалот и корупцијата, ги забрзаа работите. Очигледно е дека се разоткриени пред целиот свет“, рече Филипче.

Тој додаде дека постојат сериозни најави за меѓународни санкции за политичари од регионот, што дополнително создава паника кај власта.

„Постојат најави за црни листи, за санкции на политичари од целиот регион кои што ќе бидат објавени овој или наредниот месец. Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори. Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат сè и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност. “, потенцираше Филипче.

„Мицкоски повикува на средба, а до вчера не обвинуваа секој ден, бараа да си заминам од СДСМ, измислуваа за мене приказни, Дубаи, Харис Џинович, Сент Моритц, секој ден лажни вести, навреди, додека со службите ме следат. Дури и во СДСМ од внатре се обидоа да ја рушат партијата. И сега средба? Па, дали мислат дека и јас и СДСМ сме наивни? Средба нема, техничката влада останува“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ