(ВИДЕО) Филипче: САД најавуваат посебен закон за Западен Балкан против корупцијата, сега е сè јасно

Од:

Денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, посочи дека Соединетите Американски Држави, како стратешки партнер на земјите од Западен Балкан, во изминатиот период повторно го враќаат фокусот на регионот, за што показател е најавата од САД за посебен закон за специјални санкции против лица поврзани со криминал и корупција.

– Значи САД го враќаат фокусот тука на Балканот. И сега после тоа е веќе се јасно што се случува. А што прави нашата власт во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе, рече Филипче.

Тој нагласи дека додека меѓународната заедница ја заострува борбата против корупцијата, Владата на ВМРО-ДПМНЕ си дели тендери.

„Видовме примери 161 тендер една компанија 5,3 милиони евра. Друга компанија 9 милиони евра само со двајца вработени “, посочи Филипче.

Притоа, Филипче информираше дека преку платформата на Антикорупцискиот тим на СДСМ, секојдневно пристигнуваат стотици документи и пријави за корупција во кои е вмешана власта.

„Во Истражувачкиот центар за коруптивни операции секојдневно се примаат стотици документи пријави од граѓани од вработени во јавни институции, од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ, на кои што очигледно им е преку глава тоа што нивните другарки и другари го прават“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

„Комуњарска коњино“ и „политички кловн“ – Српската заедница со жесток напад врз Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

Филипче: Владата повторно потфрли – препораките стигнаа кога епидемијата веќе се прошири

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?