(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Од:

Тука сме затоа што нешто длабоко во нас нѐ тера да не молчиме, со овие зборови се обрати вечерва Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во полната сала во Битола. Тој ги поздрави граѓаните велејќи им дека ја разбира причината за нивната бројност, а тоа е подготвеноста да го бранат она кое СДСМ го градеше со генерации.

https://www.youtube.com/live/YPE3eJsnZIg

„Тука сме затоа што нешто длабоко во нас нѐ тера да не молчиме. Нѐ тера да зборуваме кога ќе видиме неправда. Нѐ тера да се исправиме кога ќе почувствуваме дека некој го руши она што со генерации сме го граделе. А денес, токму тоа се случува. Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира. Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата, напредокот и правичноста. И тоа нѐ боли. Нѐ боли затоа што гледаме дека ова не е Македонија што ја заслужуваме. Ниту Битола каква што ја замислуваме“, рече претседателот на СДСМ.

Притоа Филипче рече дека Битола е оставена на маргините. Како град кој е препознатлив по културата, по историјата, по урбаниот дух денеска се гуши во застој и запустеност поради неспособноста на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„Проектите стојат, улиците пропаѓаат, а младите си заминуваат. Нема визија, нема стратегија, нема ниту основна одговорност. Но битолчани не се луѓе што молчат. Никогаш не сте молчеле кога вредностите биле нападнати. Никогаш не сте стоеле настрана кога било време да се покаже став. Битола никогаш не била нем набљудувач туку секогаш била двигател на промена“, потенцираше Филипче.

Филипче од Битола силно порача дека доста се неправди, СДСМ се враќа.

„Затоа од овде пораката што ќе се слушне низ цела Македонија е: СДСМ се враќа! Се враќа со јасна визија, со длабока самосвест и со поголема одговорност. Се враќа со работа со чесни ветувања и со луѓе што знаат што значи да се биде на страна на народот. Луѓе што се тука да служат, а не да владеат“, рече Филипче во Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Кој ќе ја плати струјата за дата-центрите – ќе има ли ново поскапување и дополнителен увоз?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче објави документ: Компанија тврди дека има 100 MW струја и пристап до Вардар за дата-центар