(ВИДЕО) Филипче: Двајцата новозаболени од коронавирусот се со лесни симптоми, ќе се испитуваат и останатите 40 патници

Од:

Двајца сопружници од Дебар, маж и жена на 68 и на 62 години се позитивни на коронавирусот, но имаат лесни симптоми на болеста. Тие патувале од Италија за Македонија со уште 40 патници, со автобус, и сите тие ќе бидат подложни на проверки во текот на утрешниот ден. МВР веќе ги знае нивните идентитети.

Ова на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, а во врска со двата нови случаи на Ковид – 19 во земјава.

„Тие во нашава земја стигнале од Италија на 27-ми минатиот месец. По влезот во државава, патниците од автобусот се симнувале во Куманово, Скопје и во Дебар. Тогаш патниците немале никакви симптоми. На 2 март тие се јавиле на матичен лекар, кој не препознал симптоми на болеста и ги пратил на домашно лекување. Денеска, тие се јавиле во болницата во Дебар каде дошол инфектолог од Гостивар и беа направени тестовите за коронавирус, кои се позитивни“, изјави Филипче.

Двајцата пациенти кажале дека имале контакт само со братот на жената, а денеска се врши интервју со него од страна на епидемиолозите за да се знае само дали само тој треба да биде ставен во изолација или пак и останатите членови на неговото семејство.

„Најдени се и сите матични броеви на останатите 40 патници, а после идентификувањето тие ќе бидат интервјуирани и согласно нивната состојба ќе бидат преземени мерки“, рече Филипче.

Најголем ризик, според него, има за патниците кои седеле три реда пред и зад пациентите, но, како што потенцира, ќе бидат интервјуирани сите и согласно заклучоците ќе се одредат следните чекори.

Двајцата пациенти, новозаболени од коронавирусот вечерва ќе бидат пренесени на Инфективната клиника каде дежурната екипа е спремна да ги пречека. Тие, според Филипче, имаат лесна слика на респираторна инфекција.

За останатите 40 патници во автобусот кои патувале од Италија, не може да се предвиди со колку луѓе имале контакти во меѓувреме, но Филипче тврди дека мала е веројатноста за „второлиниско пренесување на болеста“.

И покрај новите два случаи позитивни на коронавирусот, според министерот за здравство, нема простор ниту препорака да се преземаат нови дополнителни мерки од оние што веќе се преземаат.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи