(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

Од:

Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.

„Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој којшто понудив рака бев состанок кај примерот да направиме заеднички работни групи да се спроведе реформската агенда досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството“, рече Филипче.

Во изјавата тој додаде дека од вкупно 12 закони кои што требаше да се донесат оваа година, седум од нив до јуни 2025 година и уште пет до крај на годинава – ниту еден, не само што не е донесен, не е ниту поднесен од страна на министерството за правда во Собранието.

Очигледно е како што кажа Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го контролира судството.

„Не може партиски портпароли да кажуваат кој треба да биде зад решетки, тоа треба да го каже независно и целосно функционално судство. Тоа го бараат граѓаните.

Сакам да им порачам дека се прочитани како буквар. Еднаш граѓаните тој филм го гледа со партизирано судство кога го користеа да се закануваат да користат политички, да го користат како инструмент за политички прогон. Репризата во филмот ниту некој сака да ја гледа, ниту пак поминува и сметам дека граѓаните треба да ги казнат на изборите за ова однесување“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски