(ВИДЕО) Фетаи: Не може да сте осудени за кражба без да се наведе што е украдено и кому му припаѓа

Од:

Специјалните јавни обвинителки Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, по завршувањето на седниците во Врховниот суд, изјавија дека од двата приговори поднесени за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, и спогодбата на Звонко Костовски од УБК за случајот „Пуч“, бил разгледан само вториот, додека барањето за заштита на законитоста за случајот „Талир“, за кој двапати бараа замрзнување на имотот на опозициската партија, поради технички причини е одложен за понеделник.

Обвинителката Фетаи изјави дека во случајот со спогодбата на Звонко Костовски не постои кривично дело шпионажа, за кое тој е осуден. Фетаи рече дека не може некој да биде осуден за кражба, а да не се биде наведен ниту кој е предметот, ниту кому му припаѓа.

Барањето за заштита на законитоста СЈО го поднесе со образложение дека не може да издржува казна шестообвинет во предметот, кој е осуден како помагач на делото, а притоа да не одговараат наводните извршители, кои со повлекувањето на обвинението за „Пуч“, повеќе не се гонат кривично. Освен тоа, СЈО побара равизија на пресудата поради, како што наведуваат, контрадикторните факти во случаите „Пуч“ и „Таргет“.

На новинарско прашање за поднесените 17 обвиненија од СЈО, обвинителката Ристовска изјави дека до денеска немаат информација дали се прифатени.

Би можело да ве интересира

Катица Јанева пред да биде уапсена одела во СЈО, салони за убавина и по вечери

Кристијан Ландов

Ѝ во телефонот на Јанева пронајдени сликите од неа и мебелот, „Ајфонот“ и се отклучувал со помош на САД

Кристијан Ландов

Османи: Црвени линии за компромис за законот за ЈО е продолжување на предметите од СЈО

Ана Ололовска

Надоместоците во СЈО под лупа на државните ревизори

Ана Ололовска

Дескоска: Жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за Законот за обвинителство

Ана Ололовска

Врховниот суд ќе расправа за првите пресуди на СЈО

Ана Ололовска