(ВИДЕО) Фетаи: Господ сигурно нема да помогне

Од:

Господ сигурно нема да помогне доколку судот не ги почитува одредбите од законот за кривична постапка, рече обвинителката Фатиме Фетаи по одложувањето на рочиштето за „шамарите“ во општина Центар за кое судијката Татјана Михајлова се помоли за услови како би можело да биде одложено судењето.

Како причина за одложување на рочиштето, судијката Михајлова го наведе отсуството на двајца од обвинетите за кои обвинителката Фетаи побара присилно да бидат донесени во судницата.

Одредбата од член 365 од ЗКП предвидува доколку уредно повиканиот обвинет не дојде на главна расправа, а изостанокот не го оправда, Судот да издаде наредба за негово присилно доведување.

– Од наша страна како застапници на обвинението такво нешто беше предложено, меѓутоа дали Судот ќе постапи на тој начин ќе видиме, вели Фетаи.

Таа напомена дека доколку рочиштата продолжат со ова темпо, на секое рочиште да отсуствува некој од обвинетите или некој од адвокатите најверојатно пред 2020 година нема да биде започнато судењето.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец