(ВИДЕО) Фатми Етеми: Зградата кај Мајчин Дом ќе се гради, општината нема пари да не обесштети

Од:

По двонеделни преговори за трајно стопирање на градбата кај „Мајчин дом“, сопственикот на парцелата Фатмир Етеми, нема надеж дека Општина Аеродром ќе го обесштети. Тој денес по обајвата дека ги разлутил аеродромци, реши да одговори на прашањата од „А1он“, кои трета недела не ги одговараше.

Вели дека се обиделе да најдат нова соодветна локација како замена за онаа пред „Мајчин дом“, но не нашле таква ниту на територија на Аеродром ниту пак пошироко на територија на Град Скопје.

„Општина Аеродром нема пари да ме обесштети. Буџетот е празен, сега се градат пет згради таму, а порано се градеа сто. Ние го полневме буџетот“, вели Етеми.

За да излезе во пресрет на барањата на граѓаните кои не сакаат таму да има зграда, вели дека е подготвен да преговара уште неколку недели во кои ќе ги убеди жителите дека зградата нема да влијае на загадувањето на Аеродром и дека ќе биде украс во Општината, за потоа да продолжи со градење.

Вели дека влегол во проектот оти верувал во правна држава имајќи во предвид дека целата документација му е законски издадена. Очекувал незадоволство, но не очекувал протести.

„Нечесно е што оние кои го гласале планот сега протестираат против зградата“, нагласува Етеми.

Тој не бил информиран дека жителите на Аеродром имале забелешки на планот во кој е предвидена зградата уште во фазата на негово носење.

„Тогаш живеев во Чаир и не претпоставував дека ќе градам во Аеродром. Не гледам телевизија, имам многу работа“, рече Етеми.

Земјиштето го купил за три милиони евра на лицитација од банка, а за обесштетување бара 8 – 11 милиони евра во кои вклучува и, како што вели, минимален профит.

Најави нова средба со граѓаните на која ќе им објасни зошто зградата треба да се изгради. Не одговори на прашањето зошто синоќешната средба не ја закажал барем еден ден порано, но рече дека следната средба ќе ја закаже порано.

Етеми очекува обесштетување и за локацијата кај училиштето „Ѓоргија Пулевски“ каде што е косопственик оти државата му продала земјиште на кое може да се гради, а потоа го сменила планот.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Најавен нов протест пред „Мајчин дом“ против изградбата на деветкатницата

Наум Локоски

ВИДЕО: Продолжи изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом“

Наум Локоски

Инвеститорот на зградата кај „Мајчин дом“ најавува дека ќе изгради нов парк во Аеродром

Наум Локоски

Инвеститорот на деветкатницата кај „Мајчин дом“ ги разлути аеродромци, ветува дека ќе засади 150 дрвја околу неа

Ана Ололовска

Обесштетувањето на деветкатницата кај „Мајчин дом“ може да ја чини општина Аеродром 11 милиони евра

Наум Локоски

ВИДЕО: Марин вети решение за градбата кај „Мајчин дом“ за 10 дена

Кристијан Ландов