Најавен нов протест пред „Мајчин дом“ против изградбата на деветкатницата

Од:

Аеродромци преку социјалните мрежи повикуваат на нов протест пред „Мајчин дом“ против рестартирањето на изградба на деветкатницата. Протестот ќе биде во 18 часот.

„Да излеземе и да го искажеме повторно нашиот став во 18 часот кај црквичката кај поставената ограда на градилиштето. Оваа зграда не смее да се гради, Општината нека му ја надомести штетата на инвеститорот. Да не им дозволиме на властите да се богатат на сметка на нашето здравје и на сметка на здравјето на идните генерации“ повикуваат жителите на Аеродром.

Утрово инвеститорот на зградата Фатмир Етеми за „Макфакс“ изјави дека продолжил со градба и дека немало проблеми ниту протести од граѓаните при повторното влегување во градилиштето.

Поради протестите на граѓаните пред три недели беше сопрена изградбата на зградата и Општината најави дека ќе бара начин за обесштетување. По одлуката на Уставниот суд во средата дека планот е законски донесен, Општина Аеродром извести дека се исцрпени сите можности за обесштетување на инвеститорот.

Би можело да ве интересира

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ