Инвеститорот на деветкатницата кај „Мајчин дом“ ги разлути аеродромци, ветува дека ќе засади 150 дрвја околу неа

Од:

Сопственикот на компанијата „ЗСФ-КОМ“, Фатмир Етеми синоќа излезе на средба со граѓани и активисти за да разговараат за деветкатницата кај „Мајчин дом“. Средбата ја закажа само неколку часа пред да се одржи па се појавија само десетина граѓани.

Место да ги смири, средбата уште повеќе ги разлути аеродромци. На социјалните мрежи пишуваат дека воопшто не биле информирани за настанот. Нивниот став за деветкатницата е непроменет – бараат просторот да остане зеленило и најавуваат дека нема да дозволат градење.

Утрово од компанијата преку соопштение информираа дека Етеми на средбата зборувал за трошоците што ги направил досега за локацијата и за пановите за објектот.

„Сакам да ве уверам дека зградата ќе биде целосно енергетски ефикасна, проектот е изработен со особена за грижа за околината и животната средина. Самата зграда ќе има вертикално и хоризонтално зеленило, со посебен систем за одржување, за што вложувам околу 1 милион евра. Заради моја грижа габаритот на зградата е намален и не ги искористува максималните параметри што ги дозволува ДУП-от. Максимално ќе го зазелениме просторот и ќе има повеќе зеленило од сега“, објаснил Етеми пред граѓаните.

Компанијата „ЗСФ-КОМ“ најави дека ќе обезбеди 150 високоизраснати дрва, целосно партерно уредување на плацот околу „Мајчин дом“ и изградба на нов паркинг на парцелите околу, кои исто така се во сопственост на Етеми. Тој тврди дека неговата компанија е општествено одговорна и сака максимално да ги поддржи граѓаните во борбата со загадувањето.

Компанијата наведува дека изминатиот период се правеле анализи и се барале можности за откажување на градбата.

„Баравме соодветно правно и економски оправдано решение. Прво се направи темелна анализа на достапните парцели за да се замени локацијата. Заклучено е дека во моментов нема соодветна парцела во Аердодром што ни одблиску може да ја компензира вредноста на плацот кај ‘Мајчин Дом’. Разгледани се сите опции на цела територија на цела територија, секако надвор од урбаното јадро. Имаше обиди да се најде локација и надвор од општината на територија на Градот Скопје, за што има сериозни правни пречки, но реално нема ни соодветна локација. Процедурата за носење нов ДУП или ГУП би траела околу 3 години, што е голема загуба земајќи ги предвид сите тековни трошоци како месечната рата за кредит инвеститорот го има подигнато за оваа намена. Ова земјиште е голема инвестиција, плацот е купен со веќе зацртана маркица за градба, согласно сите законски и правни процедури. Ова беше овозможено од претходното раководство на општината. Во случај да се откаже од градбата кај ‘Мајчин дом’, Општината би требало да му исплати на г-дин Етеми повеќе од повеќе од 8 милиони евра за досегашните инвестиции и трошоци. Тука се вклучени 5,5 милиони евра трошоци за земјиште и комуналии, трошоци за камати, штети на компанијата за инвестиции, досегашни трошоци за одржување и 184.000 евра секој месец, рата за кредитот подигнат за изградба на овој објект“, стои во соопштението од „ЗСФ КОМ“.

Вчера попладне Општина Аеродром информираше дека сумата за обесштетување на инвеститорот на деветкатницата би можела да достигне 11 милиони евра ако се земат превид сите трошоци.

Доцната најава за средбата ги разлути аеродромци кои на социјалните мрежи пишуваат дека воопшто не биле информирани за намерата на инвеститорот. Нивниот став за деветкатницата е непроменет – бараат просторот да остане зеленило и најавуваат дека нема да дозволат градење.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Луѓе во години се тепале пред кафеана во Аеродром

Жарко Настоски

Воени и полициски специјалци го обезбедуваат празниот аеродром во Тирана

Жарко Настоски

Општина Аеродром награди три идејни решенија за проектирање управна зграда

Ана Ололовска

Приведен дилер од Аеродром

ВИДЕО: Итна евакуација на аеродромот во Франкфурт, закана со огнено оружје, во тек е полициска акција

Катерина Павлова-Николовска

Јавниот повик за асистенти за деца со посебни образовни потреби во Аеродром завршува в петок

Ана Ололовска