ВИДЕО: Езеро среде Скопје, реки течат по улиците

Од:

Обилните врнежи од дожд го поплавија паркингот пред Центарот за јавно здравје-Пролет и направија цело езеро. На овој простор има огромна количина вода, така што не возможно е да се помине без гумени чизми.

Автомобилите се паркирани до работ на „езерото“, бидејќи натаму нема можност за пристап. Од обилните дождови се забележуваат и реки како течат по повеќе скопски улици, при што водата се излева од преполнетите шахти.

На Твитер се објавени фотографии на кои се гледа како цела улица е под вода во населбата Капиштец. Под фотографиите стои напис “Ова е реката Козара во Капиштец“, со алузија на улицата „Козара“ која е целосно поплавена.

Од Водовод и канализација најавија чистење на атмосферските шахти, но најверојатно екипите на терен не можат да постигнат да се справат со обилната количина насобрана вода од дождот, кој од утрово без прекин паѓа во главниот град.

Би можело да ве интересира

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Денеска облачно со дожд и ветер

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со локален дожд и засилен северен ветер

Денеска променливо облачно со дожд и ветер од северен правец

УХМР: До среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд