(ВИДЕО) Европската комисија бара политичките лидери во Македонија да бидат свесни за одговорноста

Од:

Европската комисија ќе ги почека официјалните изјави на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР за да ги коментира вчера одржаните предвремени парламентарни и претседателски избори во Република Македонија.

На денешната редовна прес-конференција на Комисијата, Петер Стано, портпарол на комесарот за проширување Штефан Филе, порача и дека „сите политички лидери во Македонија мора да да бидат целосно свесни за одговорноста“, јавува 24 Вести.

Откако ОБСЕ/ОДИХР ќе ја даде својата оценка за изборите во нашата земја, гласноговорникот потврди дека потоа, претседателот на Еврокомисијата, Жозе Мануел Барозо, ќе упати честитки до победниците.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он