(ВИДЕО) Думбаловска за АБС: Порнографија во комјутерот на Перо Стојановски

Од:

На државната телевизија ABC во Австралија, се емитуваше емисија снимена за поранешниот македонски амбасадор – Перо Стојановски.

„Кога Перо Стојановски пристигна во Австралија на местото македонски амбасадор, тој не  ни  претпостави што го чека тука. Заврши на Врховен суд обвинувајќи ја својата девојка  Лидија Думбалоска  дека го украла неговиот компјутер. Минатиот месец  тужбата на Стојановски пропадна откако беше оспорен неговиот кредибилитет, се вели во деветминутната емисија, која пред се открива што пронашла Думбаловска во неговиот лап топ.

..Совршената романса пропадна во декември 2010 кога Думбалоска влегла во куќата на Стојановски,со клучот кој го поседувала и чекајќи го да дојде го отворила неговиот лаптоп.

-Одеднаш на комјтерот видов шокантни работи. Порнографија и перверзија. Во него имаше 40 или 50 фотографии од мојата ќерка, и само една моја фотографија, изјави во емисијата екс девојката на Стојановски.

Таа го зела лап топот, а по неколку дена полицијата дошла кај неа по пријава на екс амбасадорот Перо Стојановски. Тој тврдеше дека во него имало доверливи документи, и дека Думбаловска му барала 200.000 евра, на што таа сега вели-Никогаш не сум го уценувала, не знам зошто би го ценувала.

Во емисијата говори и Џон Николовски, бизнисмен од Камбера и Никола Ставрески од Мебурн.

-Тој со солзи во очите ни рече дека бил смртно болен од рак на простата и ни побара 20.000 долари за итна операција во Франција. Три до четири недели подоцна тој се врати во Канбера и ни кажа дека  се е во ред  и  дека имал успешна операција. Но,  ни кажаа  дека амбасадорот во овој ист период бил виден на некои македонски одморалишта. Тоа навистина ме вознемири“.

Подоцна се испостави дека тој воопшто и не боледувал од рак. Перо Стојановски е еден голем лажго и веројатно ни тој самиот не може да си помогне, изјави Николовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски