(ВИДЕО) Дураку: Прашајте го Ахмети дали ќе ме сменат од министерското место

Од:

Министерот за животна средина Садула Дураку не знае дали ќе биде сменет од министерското место, како дел од „метлата“ на Заев. На прашање на „А1он“ дали ќе биде назначен на друга функција, Дураку вели дека зависи од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и од партиските органи.

„Прашајте го Ахмети за оваа работа, јас не знам ништо. Не знам, централното раководство на ДУИ одлучува. Јас сум задоволен што и припаѓам на ДУИ. Имаме една земја и за оваа земја треба да работиме сите и во Демократската унија за интеграција сите треба да придонесат“, рече Дураку по завршувањето на партиската прослава од 17-годишнината на ДУИ.

Тој не одговори дали доброволно би се повлекол од министерството за животна средина, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги изигнорира новинарските екипи и не застана да одговори на новинарски прашања. Во дел од обраќањето пред присутните функционери и членови на ДУИ, Ахмети се осврна на „бомбите“ од Ел Чека. Рече дека не ги слушал и ги повика органите на прогонот да постапат за нелегалните снимки, кои, како што рече биле злоупотребени.

Г.Н.Р

Би можело да ве интересира

На Тумбе кафе пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

Горан Наумовски

Нов бран закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани се судовите и јавните институции

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

Спречен крвав план: Најдени се пиштоли и автоматскa пушкa кај група која планираше одмазда за осудени терористи

Горан Наумовски

Бомби и муниција чувал дома жител на скопско Идризово

А1он

Пронајдени се рачни бомби во село Боговиње