„Македонија целосно потфрли во справувањето со корона вирусот. Надлежните потфрлија по основ на сите параметри меѓу кои ефикасноста на спроведени мерки, откривањето на заразени и бројката на спроведените тестирања.
Македонија е со најлоши резултати во регионот, но и во светот, во борбата против Ковид-19. Имаме најмногу заболени на милион жители, имаме најмногу починати на милион жители“, рече Душко Дуковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од ден на ден се зголемува и бројката на новозаболени медицински лица. Површноста на надлежните не доведе во оваа ситуација.
Дополнително, не убедуваат вирусот слабее, се е под контрола, ова е „новата нормалност“. Нормалност е кога постои контрола врз епидемијата, и кога има стратегија за справување со корона вирусот, тогаш можеме да кажеме дека има нормалност.
Да потсетиме, тоа што го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати дневно, денес има троцифрени бројки на новозаразени и дуплиран е бројот на починати.
Цената на површноста и неспособноста е голема. Здравјето на граѓаните е приоритет. Одговорност мора да има“, изјави Душко Дуковски од ВМРО-ДПМНЕ.