(ВИДЕО) Дуковски: Државата бара отштета за уништување на канцеларијата на Иванов, а не е сопственик на објектот

Од:

Немавме никакви спорни аргументи, единствено дадовме приговор за тоа што сметаме дека вештачењето е дадено од неовластено лице, не може народниот правобранител самостојно, без наредба од обвинител да изготвува вештачење, рече по завршувањето на рочиштето адвокатот на Здравко Савевски, Сашо Дуковски.

– Другата работа е сопственоста на тој протстор. Согласно имотните листови извадени од агенцијата за катастар од денеска, никаде не стои дека сопственик на канцеларијата е Република Македонија. Епа како Република Македонија бара штета за градежните работи, кога согласно имотните листови не е сопственик, рече Дуковски.

Според него, судот принципиелно си ја вршел работата кога го укинал притворот, затоа што според него, немало причина за вакво дело во скратена постапка да има притвор, со што мерката се јавила како беспредметна.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски