(ВИДЕО) ДУИ: Иванов нема легитимитет

Од:

Изборот на Ѓорге Иванов за претседател на Македонија е легален но не легитимен за ДУИ. Талат Џафери вака го оправда не присуството на неговата партија на Инаугурацијата на Иванов.

Според него негласањето на албанците за претседател ја отсликувало нивната волја. Повикувајќи се на Охридскиот договор го оспори легитимитетот на Иванов дообјаснувајќи дека 90 отсто од албанците не гласале за претседател.

Џафери смета дека неприфаќањето на Иванов за претседател на Македонија, нема да има последици врз преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за распределба на ресорите.

„Ѓорѓе Иванов иако е избран преку легален изборен процес за албанците е нелегитимен, бидејќи не ја одразува волјата на вториот по големина народ во Македонија. Било која институција која ја нема волјата на двете заедници согласно Охридскиот договор е нелегитимна. Над 90 отсо од албанците рекоа не на едностраниот претседател и ние ќе ја почитуваме нивната волја“, рече Талат Џафери од ДУИ.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата